fbpx

Пронајден дел од паднатиот руски авион

-

Руското министерство за вонредни ситуации соопшти дека спасувачките екипи го пронашле трупот на авионот кој со 92 патника и членови на екипажот се урна во Црно Море.

Агенцијата ТАСС наведува дека нуркачи воочиле пет метри долг дел од трупот на авионот, каде претходно се пронајдени и други делови од леталото.

Руската агенција наведува дека во тек се подготовки за извлекување на овој дел од авионот.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека истрагата за падот на патничкиот авион „ту-154“ оди во четири правци, но оти нема докази дека станува збор за терористички напад или за саботажа.

„Четирите најверојатни верзии се дека авионот бил погоден од некој непознат објект, неквалитетно гориво кое предизвикало губење на притисокот и на крај прекин на работата на моторот, грешка на пилотот или технички дефект“, се наведува во соопштението на ФСБ.

Рускиот авион се урна вчера во Црно Море, во близина на Сочи, а ниту еден од 92 патници не преживеа.
Меѓу настраданите има и 64 членови на познатиот ансамбл „Александров“ и девет новинари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...