fbpx

Промовирани електромобили и електротротинети за туристичко разгледување

-

Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, и директорот на Јавното претпријатие „Градски паркинг“, Борче Јакимовски, денеска ги промовираа новите електромобили и персонални транспортери – електротротинети за изнајмување.

– Станува збор за седум нови електромобили и за пет нови електротротинети, кои ќе им бидат ставени на располагање на граѓаните и ќе служат за туристичко разгледување на знаменитостите во центарот на градот. Изнајмувањето на овие возила ќе се врши на пунктот на „Градски паркинг“ на плоштадот Македонија, каде изнајмувањето на електромобилите ќе се врши по цена од 50 денари за билет, додека цената за изнајмување на електротротинетите е 100 денари од час – изјави Трајановски.

За набавката на електромобилите од буџетот на ЈП „Градски паркинг“ биле издвоени 6 милиони денари, додека за набавката на петте електротротинети – околу 1,9 милиони денари.

Покрај новите електровозила, на сите посетители за туристичко разгледување на градот на располагање им стојат и дополнителни пет електромобили и 10 електровелосипеди кои Град Скопје ги набави во 2014 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...