!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Промоција на втората збирка поезија на Слаѓана Брезовска


       
Гостивар, 19 октомври, 2016 - 12:38 (META) 

Поетесата Слаѓана Брезовска од Гостивар, в сабота, на 22 октомври, ќе ја промовира својата втора поетска збирка под наслов „Бесмртно“. Книгата содржи околу 70 песни, чиј главен мотив се животот и љубовта. Промоцијата ќе се одржи во пица-бар „Пијано“ во Гостивар, со почеток во 19 часот.

Стихозбирката е издадена како добитник на трета награда на конкурсот за поетска збирка „Велешки книжевни средби“ што го организира Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес.

Во освртот на „Бесмртно“, рецензентот Ефтим Клетников пишува: „Брезовска е типичен лиричар. Нејзината поезија не се храни и базира на интелектуални спекулации. Таа е од отворен, а не од затворен тип на поети. Таква поезијата не се вклопува во главната струја на најновата македонска поезија на генерацијата на оваа поетеса, која во потрага по нов и оригинален израз ја избра иронијата како метод на дијагноза и на осознавање на стварноста“.