fbpx

Промоција на тријазична збирка хаику поезија

-

Пред бројни почитувачи на поезијата, писатели, граѓани и по некој странски посетител, во Охрид е промовирана новата збирка поезија – „Златна лира“, од Пандора Јовановска – Илиевска.

Промоторот и рецензентот, писателот, доц. д-р Христо Петрески, нагласи дека хаику поезијата е за прецизни луѓе, а тоа природно и оди од рака на авторката Јовановска – Илиевска. Како што кај луѓето не ја сакаме облеката, туку душата, така и во новата книга на Јовановска – Илиевска најмногу не привлекува самиот текст.

– Луѓето кои творат можат да изберат со кој жанр ќе се занимаваат. Во овој случај, кај Пандора, која работела како судија во Апелациониот суд во Куманово, станува збор за прецизен автор, затоа што впрочем судиите се многу прецизни луѓе. Го имаме од една страна убавиот Охрид, а од друга страна авторката како натурализирана охриѓанка, која како да не и’ се враќа назад во Куманово. Додека не би биле овие две нешта поврзани, не би биле и овие хаику песни не би биле создадени. Охрид е изворот на творечката инспирација на сите креативни подвизи за ова дело. Го среќаваме езерото, годишните времиња во Охрид, лебедот – потенцираше Петрески.

„Златна лира“ е тријазична збирка. Препевот на песните од македонски на англиски јазик е на Владимир Мостров, додека од македонски на француски јазик препевот го направи Жана Ангеловска.

На промоцијата стихови читаа Смиле Наумоски – Брсјак (македонски јазик), Јана Арсовска (француски јазик) и Маре Бошалева (англиски јазик). Музичка изведба на флејта приреди Кристина Љушкоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...