fbpx

Промоција на книгата за страдањата и за прогонувањето на Македонците во Бугарија

-

На 550 страници, испишани на бугарски јазик, потпретседателот на ОМО Илинден, Стојко Стојков, зборува за едно современо табу во бугарската држава, а тоа е постоењето и третманот на македонското национално малцинство во оваа европска земја.

Така и ја насловил книгата: „Табу, време на страв и страдање, прогонувањето на Македонците во Бугарија во време на комунизмот (1944 -1989)“. Делото е, како што рече Стојков, своевидно сведоштво за репресираните Македонци поради својата македонска самосвест за време на комунистичкиот период во Бугарија.

– Многу од нив лежеа затвор. Има загинати, луѓе коишто биле иселувани и, воопшто, луѓе кои биле малтретирани за целиот свој живот. Меѓутоа, тоа денес не се ни признава дека се случило. Напротив, се негира нивното постоење – изјави Стојков.

Поради тоа, тој книгата ја отстапил на спомените и на документите на голем број Македонци, кои Стојков ги брои на неколку стотици. За да не исчезнат сведоштвата на репресираните, Стојков најави работа на неколку томови со документи и со лични архиви на репресираните Македонци.

Промоцијата на книгата во Штип ја збогати личното сведоштво на академик Ѓорѓи Попатанасов, самиот репресиран, кој одлежал затвор во Бугарија поради својата македонска самосвест.

Стојко Стојков е историчар, кој веќе 25 години преку организацијата ОМО Илинден води битка за докажување на постоењето на македонско национално малцинство, што Бугарија го негира.

Пред десетина дена Комитетот на министри во Советот на Европа од Бугарија донесе одлука со која се бара од Бугарија да ги спроведе одлуките на Судот за човекови права во Стразбур.

– Бугарија досега само ги преведуваше одлуките на Судот и исплаќаше минимални казни. Со одлуката, Судот ја задолжува Бугарија одлуките реално да ги спроведе, што значи да ги регистрира македонските здруженија -рече Стојко Стојков.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...