!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Промоција на книгата „Македонските бронзи“ со записи за предмети пронајдени во Охрид


       
Охрид, 1 февруари, 2017 - 11:04 (META) 

Центарот за истражување на предисторијата, вечерва од 20 часот, во Археолошкиот музеј на Македонија организира промоција на книгата „Македонските бронзи: религијата и митологијата на железнодобните заедници од Средниот Балкан“, на проф. д-р Никос Чаусидис.

Монографијата ги обработува македонските бронзи – археолошки предмети од осмиот до шестиот век пр.н.е., пронајдени, главно, во Охрид, но и во други делови од Македонија.
Голем дел бронзени предмети беа пронајдени летово во Охрид, кога беа откриени 85 гроба, од кои 12 датираат од македонско-хеленистички период, односно некаде од трети и втори век пред наша ера, а другите се од османлискиот период, од 15 до крајот на 18 век.

Меѓу пронајдените артефакти се бронзени садови, бронзени копчиња и други предмети.