Во организација на Иницијативата за семакедонско обединување од Прилеп, ќе се одржи промоција на книгата „Македонскиот народ во Албанија“, чиј автор е Спасе Мазенковски, интелектуалец, новинар од селото Леска во Мала Преспа, Албанија.
Настанот е закажан за 18 часот, во градската библиотека „Борка Талески“, додека промотор е професор д-р Виолета Ачкоска.
Книгата содржи повеќе податоци за етничките Македонци во Република Албанија, нивниот живот и културната афирмација.
Промоцијата на книгата е по повод одбележувањето на 145-годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, извести електронскиот весник на македонски јазик „Илинден“.