Промоција на 20 книги од новиот владин проект

Премиерот Никола Груевски и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска промовираа 20 нови автобиографии и монографии за светски познати личности, книги од областа на светската историја, здравото живеење, како и од архитектурата и дизајнот.

Груевски истакна дека книгите се дел од проектот што треба да им помогне студентите да го подобрат своето знаење и да имаат пристап до информации кои досега недостигале или биле тешко достапни.

Првите 10 книги се однесуваат на животот и на делото на Моцарт, Бенџамин Френклин, Бонапарта, Тито, Хрушчов, Петар Велики, Стив Џобс, Медлин Олбрајт, Микеланџело и на Марија Кири. Другите книги се од сферата на спортот и на здравото живеење, како и од историјата.

Според проектот, кој треба за заврши до 2018 година, предвидени се превод и печатење на вкупно 400 дела, од кои 150 ќе бидат биографии и автобиографии, мемоари и монографии за светски познати личности, 150 книги од областа на спортот, здравото живеење и на исхраната, а по 50 книги од областа историските битки, од сферата на архитектурата, дизајнот, внатрешното уредување, орнаментиката и скулптурата.