fbpx

Прометот на индустријата на странскиот пазар се зголемува

-

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во септември годинава, во однос на септември 2014 година, бележи опаѓање од 0,6 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 19,6 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, бележи опаѓање од 6,8 проценти, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 15,8 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија, за 29,4 проценти, капитални производи за 13 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,8 проценти, додека опаѓање бележи кај енергија за 61,6 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 3,9 проценти.


Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народна банка-ММФ: Денарот е стабилен, инфлацијата под контрола

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменик министерот за финансии, Филип Николоски и вицегувернерот Фадил Бајрами се дел македонската делегација на Пролетните средби на ММФ и Светска банка. На...