fbpx

Променливо време со услови за дожд и грмежи

-

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму додаваат дека доцна попладне ќе дојде до стабилизација. Утринските температури ќе се движат од 12 до 19, а максималните дневни од 25 до 32 Целзиусови степени.

Во Скопје, слично време, променливо облачно, а од пладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се искачи до 30 степени.

Во четврток, како и во петок преку денот ќе има ретка појава на нестабилност, претежно во планинските предели. Во петок кон крајот на денот и во сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...