Променливо облачно време со ветер и повремен снег


       
Скопје, 12 февруари, 2019 - 9:24 (META) 

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и постудено, со повремен локален снеr, особено на запад и претежно претпладне. Ќе дува засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието.

Дневната температура ќе изнесува од 0 до 9 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува засилен северен ветер. Дневната температура ќе се искачи до 5 Целзиусови степени.