fbpx

Променливо облачно со врнежи од дожд попладне и вечерва

-

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови од земјава, а кон крајот на денот и преку ноќта кон недела врнежите ќе се прошират. Пообилни врнежи ќе има во западните делови на земјава, каде се очекува да наврнат повеќе од 25 литри воден талог на еден квадратен меатр. Ќе дува засилен јужен ветер.

Утринската температура се движеше од минус 3 до 4 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 7 до 14 степени.

Во Скопје ќе преовладува облачно време, кон крајот на денот ќе има услови за врнежи од дожд, а во текот на ноќта можно е врнежите да преминуваат во снег. Ќе дува умрен до засилен ветер од југоисточен првец. Утринската температура се спушти до минус 2 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 13 степени.

Утре претпладне во западните и во северните делови ќе има повремени врнежи од снег, а границата на снежната покривка се очекува да се спушти и до 500 метри надморска висина. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а помала снежна покривка може да се формира на некои повисоки места.

Во почетокот на наредната седница ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен јужен ветер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...