fbpx

Променливо облачно со температура до 4 степени

-

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а попладне со сончеви периоди, особено во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од нула до 4 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината ќе биде променливо облачно и со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 1 Целзиусов степен.

Утринава најстуденто е во Ѓуриште и во Маврово, каде се измерени минус 6 Целзиусови степени, во Пожаране, Куманово, Крушево и во Берово минус 5, Лазарополе, Крива Паланка, Скопје Петровец, Тетово и Дебар минус 4, Тополчани, Скопје и Виница минус 3, Прилеп и Штип минус 2, Претор, Битола и Демир Капија минус 1, Струмица и Охрид нула, а во Дојран и во Гевгелија 1 Целзиусов степен.

Снежната покривка во осум часот утринава изнесувала 6 сантиметри во Виница, 7 во Прилеп, 8 во Претор, 9 во Штип, 12 во Струмица, 13 во Крива Паланка, 21 во Скопје на Зајчев Рид, Куманово и во Демир Капија, 22 во Дебар, 24 во Тополчани, 25 во скопски Петровец, 33 во Берово, 37 во Тетово, 38 во Битола, 39 во Крушево, 48 во Ѓуриште, 60 во Пожаране, 61 во Лазарополе и 84 сантиметри во Маврово.

За време на викендот времето ќе биде стабилно, а утринската температура ќе биде во опаѓање и насекаде под нулата. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Нови врнежи од снег и од дожд се очекуваат од понеделник во вечерните и во ноќните часови и во вторник, но ќе бидат локални и со послаб интензитет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...