fbpx

Променливо облачно со локални слаби врнежи од дожд, утре многу силен ветер

-

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, во попладневните и во ноќните часови со локални слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во текот на ноќта ќе се засили.

Утринската температура се движеше од -4 до 5 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 3 и 14 степени.

Во Скопје, слично време, променливо облачно, во попладневните и во ноќните часови со слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во текот на ноќта ќе се засили.

Утринската температура се спушти до 0, а дневната ќе достигне до 11 Целзиусови степени.

Поради нагло спуштање на многу студена воздушна маса од север, утре преку денот ќе дува силен североистичен ветер, чија брзина на места ќе достигнува од 90 до 100 км/ч.

Дневната температура значително ќе се намали, на повеќе места ќе биде за околу 15 степени пониска во однос на денешната. Утре претпладне и околу пладне ќе има локални врнежи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...