Променливо облачно, попладне пороен дожд


       
Скопје, 27 јули, 2018 - 9:15 (META) 

Времето денеска ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 15 до 21, а максималната дневна од 25 до 33 Целзиусови степени.

УВ-индексот ќе биде шест.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе достигне 19, а дневната 29 Целзиусови степени.