Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд


       
Скопје, 16 август, 2018 - 9:22 (META) 

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, особено во јужните и западните делови.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 21 Целзиусови степени, а дневната од 22 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Утринската температура ќе се искачи до 18 степени, а дневната ќе достигне до 32 Целзиусови степени.