fbpx

Прогласен стечај со ликвидација во рудниците Злетово и Тораница

-

Претесна беше судницата на судиjката Маја Џорлева во Основниот суд во Штип, за да ги прими сите доверители, претставници на синдикатот, адвокати и заинтересните концесионери на стечајното рочиште за рудниците Тораница и Злетово.

Претседателот на Синдикатот за индустрија, енергетика и за рударство, Пеце Ристевски, истакна дека е одлучено да се покрене стечај по пат на ликвидација, што било заедничка иницијатива на државните органи и на ЕВН како најголеми доверители, а што, според него, е најлоша варијанта за рударите.

– Без работниците да овластат кого било, тука се претставија двајца адвокати дека ги застапуваат, а немаат полномошно од ниеден работник. Втор проблем е што тие претставници што гласаа во име на работниците, воопшто не побараа став од вработените како да се произнесат денеска, а гласаа за ликвидација – изјави Ристевски.

Побарувањата на доверителите се во износ од 7,5 милиони евра, меѓу кои и неисплатените плати и придонеси на рударите. Заинтересираниот инвеститор, компанијата „Лајфстон“, има конкретна понуда да даде 10 милиони евра и дел на доверителите веднаш да се исплатат, а друг дел од побарувањата е да се исплатат одложено во следните две години.

Компанијата предлага стечај по пат на реорганизација, со што постапката би била многу пократка. Претставник на компанијата, кој присуствуваше на рочиштето, за „Мета“ изјави дека симптоматично е здружувањето на државните фондови во брањето на тип на стечај кој би траел најмалку една година, кога сè може многу побргу да се заврши.

За оваа компанија, која пред неполна година рестартирала рудник за бакар, злато и за сребро во Србија, чудно е и што стечајот се покренува, додека во тек е конкурс за концесија за двата рудника, кој трае до 14 март.

Од друга страна, претседателот на Одборот на доверители, градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, вели дека одбрана е најдобрата варијанта.

– Ова е најдобрата, најбрзата и најтранспарентната постапка со која ќе бидат регулирани и побарувањата на доверителите, но најважно од сè е што тоа е најбрзиот начин за да може да се рестартираат рудниците – изјави Тоневски. Рудниците, со кои управуваше компанијата „Индоминерали и метали“ на индискиот милијардер Бинани, престанаа со работа во август минатата година. Околу 1.000 рудари ја прекинаа работата поради неисплатени плати и придонеси и поради лошите услови на работа, по што на компанијата ѝ беше одземена концесијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...