Иницијативата „Професорски пленум“ денеска објави соопштение во кое се вели дека имаат само една сугестија до Владата за измените на Законот за високо образование (државниот испит), а тоа е тие веднаш да бидат повлечени.
„Почитуван Премиер на Република Македонија, Професорскиот пленум со особено задоволство Ви соопштува дека има една сугестија за предлог-измените на Законот за високото образование: Повлечете ги веднаш“, гласи соопштението.