fbpx

Продолжувањето на распустот го пролонгира екстерното тестирање

-

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар поради продолжување на зимскиот распуст за неколку дена го одложија полагањето на екстерното тестирање. Екстерната проверка за матурантите ќе се изврши од 30 јануари до 3 февруари.

Минатата година екстерното тестирање за матурантите се одвиваше од 25 до 29 јануари.

„Согласно одлуката за продолжување на зимскиот распуст, односно второто полугодие на учебната 2016/2017 година да почне на 23 јануари 2017 година, Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години во средното образование, ќе се спроведе во периодот од 30 јануари 2017 година до 3 февруари 2017 година“, се вели во соопштението на МОН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...