fbpx

Продолжуваат немирите на Идомени

-

Веќе три часа траат тензиите на граничната линија во кампот Идомени. Наместо да се смират, немирите се разгореа. Бегалците скандираат да се отвори границата и фрлаат со камења кон македонската полиција, која возвраќа со солзавец, димни бомби, а повторно има употреба и на гумени куршуми.

Инцидентите се разгореа откако група бегалци се обидоа одново да направат дупка во оградата и да ја турнат за да преминат, на што полицијата одговори со димни бомби и со солзавец. Инцидентите не се смирија, туку се разгореа дополнително.

Засега има информации за еден повреден, освен луѓе кои имаат проблеми со дишењето поради големото количество солзавец.

Во овие инциденти интервенира првпат и грчката полиција, која прво постави штит меѓу бегалците и оградата, а потоа ги следеше како што се движеа покрај оградата. Грчката полиција наводно ги советува демонстрантите да престанат со бунтот.

Според информациите во Грција, групата што го почнала протестот веројатно се бегалци од Авганистан и од Мароко.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...