Во Кривичниот суд во Скопје денеска со изведување на докази треба да продолжи судњето по предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
На претходното рочиште се гледаше аудио и видео снимка од испрашувањето на заштитениот сведок Хаки Азири од 7 мај 2012 година.
Овој случај сега го води СЈО, откако во декември минатата година Врховниот суд ги поништи пресудите од првото судење и предметот го врати на повторно судење и ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. За судот недостапни се обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници и кои, според сведочењата на претходните рочишта, се кријат во Косово.