fbpx

Продолжува со работа Комисијата за следење изборни нерегуларности на Обвинителството

-

Јавното обвинителство денеска соопшти дека Комисијата за следење изборни нерегуларности, формирана од Јавниот обвинител во март годинава, продолжува со својата работа, чија цел е заштита на изборниот процес од криминални и од други противзаконити активности.

Со комисијата претседава обвинител од Јавното обвинителство на Република Македонија, а членови се четворица виши јавни обвинители и основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје. Нивна задача е, како што информираат од Јавното обвинителство, да го следат изборниот процес и за сите настани за кои ќе оценат дека вклучуваат индиции за изборни нерегуларности да дадат насоки за итно постапување од Основните јавни обвинителства.

„Привремената Комисија за следење изборни нерегуларности при Јавното обвинителство на Република Македонија денеска одржа работна средба во насока на зајакнување на активностите поврзани со изборниот процес за претстојните избори. Целта на средбата беше да се утврди начинот на меѓусебното комуницирање, а во насока на превенирање и постапување по противзаконски дејства што евентуално би биле сторени при организирањето и при спроведувањето на изборниот процес на 11 декември 2016 година“, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Во рамките на активностите на комисијата, во функција е електронската адреса [email protected], на која граѓанските организации, но и граѓаните воопшто, ќе можат да пријавуваат секакви сомнежи за сторени кривични дела поврзани со изборите, а сите пријави ќе бидат проследени до комисијата, која предметите ќе ги испраќа на итно постапување кај надлежен обвинител.

„Дополнително на ова, Комисијата на дневна основа ќе ги следи сите информации објавени во медиумите и при евентуални известувања за изборни нерегуларности ќе формира предмети и по допрен глас“, додаваат од Јавното обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК нема да може сама да се справи со евентуални кибер напади и дезинформации

Кибер напади, дезинформации, логистички пречки - овие ризици се закана за кредибилитетот на изборните процеси, истакна денеска првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. На денешната панел...