Околу 1.000 луѓе го напуштија денеска источниот дел на Алепо, при новата евакуација на жителите во тој дел од градот, кој е под опасада на владините сили.
Шефот на единицата на лекари и на волонтери кои ја коордирнираат евакуацијата, Ахмад ал Дбис, изјави дека луѓето биле евакуирани со 20 автобуси и се упатиле во западниот дел на градот.
Иствреме се врши евакуација и од градовите Фуа и Кафаја, во согласност со договорот за прекин на огнот со кој се овозможува последните бунтовници и цивили да ја напуштат бунтовничката енклава во источниот дел на Алепо.
Денеска членките на Советот за безбедност на ОН постигнаа договор за нацрт-резолуцијата за набљудувачите во Алепо, откако Франција ги зеде предвид забелешките на Русија, а гласањето треба да биде денеска.
Со нацрт-резолуцијата што ја предложија Русите, генералниот секретар на Обединетите Нации се повикува да ја осигури безбедноста во „координација со заинтересираните страни“, вклучувајќи ја и сириската влада која сега го контролира источниот дел на Алепо, за да може претставниците на ОН да ги следат условите во кои се наоѓаат цивилите што останале во Алепо.