fbpx

Продолжи штрајкот на железничарите, возовите мируваат

-

Товарниот и патничкиот железнички сообраќај во земјава се во прекин поради штрајкот на машинскиот персонал на „Македонски железници – Транспорт“ што почна вчера. Денеска е пропуштен единствено експресниот воз  Белград – Скопје – Солун.

Штрајкот ќе трае до исполнувањето на барањето за зголемување на коефициентот за работните места, исплата на вториот дел од платата за април, како и за гаранција дека во јуни вработените ќе ја добијат и мајската плата, објасни Душко Чакаровски од синдикатот на оваа компанија.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, на вчерашната средба со Синдикатот на машинскиот персонал и со раководството на „МЖ Транспорт“ АД Скопје најавил дека во најкратко време ќе се разгледаат сите законски можности за решавање на ситуацијата во железницата, како и за долгорочно решавање на состојбите во железничкиот сообраќај во  Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...