!На 1 февруари 2017 година, завршува промотивниот период на слободно користење, без регистрација и без претплата, на содржините на „Мета“, кое беше воведено за да им овозможиме полесен пристап на корисниците до навремени и проверени вести. За начинот на пристап и за претплата, од 1 февруари 2017 година ќе информираме дополнително. При пренесувањето и преземањето на содржините од „Мета“, задолжително е атрибуирање и линкување.

Продал „комодоре 65“ за 20.000 евра


       
Лондон, 17 февруари, 2015 - 19:35 (META) 

Колекционерите на стари компјутери знаат дека најбараната „старудија“ е „епл 1“, но во чекор го следи и вистинскиот раритет – „комодоре 65“.

Се смета дека денеска постојат околу 200 „комодоре 65“, познати и под називот „commodore 64DX“, а овој прототип која настанал во 1990 година требало да биде последниот голем осумбитен систем. Така барем смета Брајан Бенхоф, кој оригиналот го продал преку „Ибеј“ за импресивни 20.000 евра.

„Комодоре 65“ поддржува и „C64“ наслови, но пружал и можности кои во тоа време ги имала само популарната „амига“.
Откако компанијата „Комодоре“ пропадна, дел од компјутерите „C65“ се распродадени, а се смета дека повеќе од нив сè уште циркулираат и може да се пронајдат на разни аукции.