fbpx

Приврзаници на ИД тврдат: Нападот во Ница е одмазда за Абу Омар ал Шишани

-

Исламска држава слави за терористичкиот напад во Ница како одмазда за смртта на Абу Омар ал Шишани, таканаречениот министер за војна.
Најмалку 84 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени кога напаѓач со камион влета во маса луѓе додека го гледале огнометот на шеталиштето во Ница.

„Франција и Европа нема да бидат сигурни сè додека ние не живееме во сигурност на секоја педа од земјата на Калифатот“, напиша приврзаник на Исламска држава на „Твитер“, чиј профил во меѓувреме е избришан.

„Ова е почеток на одмазничкиот напад за убиството на Абу Омар ал Шишани, нека Алах го прими кај себе“, напиша непосредно по нападот џихадист на форумот „Ал Минбар“, кој го користат припадниците на Исламска држава.

Абу Омар ал Шипани, кого Пентагон го нарече „министер за војна“ на Исламска држава, загина во борбите во ирачкиот град Ширкат, јужно од Мосул, соопшти завчера новинска агенција блиска до ИД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...