fbpx

Привремената влада на Грција денеска ќе положи заклетва

-

Новата привремена Влада на Грција, што ќе ја води земјата до парламентарните избори, денеска ќе положи заклетва.

Времената премиерка на Грција, Василики Тану која вчера положи заклетва, синоќа и официјално ја презеде функцијата од Алексис Ципрас.

ѓМинистер за надворешни работи ќе биде Петрос Моливијатис, министер за финансии Јоргос Хулиракис, министер за одбрана Јоанис Јангос, министер за внатрешни работи Андонис Манитакис, за административни реформи Михалис Спурдалакис, за цивилна заштита Андонис Макридимитрис, за култура Марина Ламбраки-Плака, за правда Димитрис Папангелопулос, за економија Никос Христодулакис, за образование Фросо Киау, за транспорт Христос Зоис, за труд Димитрис Мустакас, за туризам Алкистис Протопсалти, за здравство Атанасиос Димопулос, за борба против корупцијата Панајотис Николудис, додека портпарол на Владата ќе биде Родолфос Моронис.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...