fbpx

Десет жени приведени во локал во Тетово

-

Десет жени на возраст од 19 до 27 години биле откриени од полицијата при акциската контрола што изминатата ноќ била спроведена во угостителскиот објект „Енерџи клуб“ на излезот од Тетово, на локалниот пат кон Сараќино.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, од девојките девет биле странски државјанки, пет од Србија, две од Бугарија и по една од Црна Гора и од Хрватска, а една била македонска државјанка. Девет биле вработени како танчарки, а една како пејачка. Странските државјнки биле приведени од полицијата и предадени за понатамошна постапка на Секторот за прекуграничен криминал, странци и реадмисија.

– Утврдено е дека сите тие пријавено престојувале на подрачјето, но работеле без соодветна дозвола поради што судија за прекршоци од тетовскиот Основен суд им изрекол парична глоба од по 600 евра, забрана од една година за влез во Македонија и депортирање во нивните матични земји – рече Јосифовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...