fbpx

Приведени четири лица за производство и за продавање марихуана

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) подготви кривични пријави за четворица македонски државјани поради недозволена трговија со марихуана.

Акциите се реализирани од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за недозволена трговија при МВР во соработка со надлежните служби за борба против дрога на Албанија и на Грција, а во координација со СЕЛЕК Центарот од Букурешт, Романија, кој во изминатиот период преземаше низа мерки и активности за сузбивање на меѓународна организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога.

Како што соопшти МВР, по обезбедени докази од претходно реализиран случај во рамки на оваа истрага, вчера Единицата за недозволена трговија во координација со јавниот обвинител од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција и СВР Охрид ги лиши од слобода лицата К.Х. (48) од Струга и С.А. (34) од Скопје, идентификувани како членови на меѓународната криминална група. Против двајцата, како и против двајца албански државјани, С.А.Д. (43) и А.Ќ. (44), до ОЈО за гонење организиран криминал е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, казниво по член 215, став 3 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Имено, врз основа на спроведена истрага утврдено е дека К.Х. заедно со С.А. во февруари годинава организирале набавка на 38.955 килограми марихуана од непознати лица од Албанија, по што К.Х. заедно со двајца албански државјани С.А.Д. и А.Ќ., двајцата од Поградец, Албанија, организирале таа да биде пренесена од Албанија во Македонија по водите на Охридското Езеро. Марихуаната била пренесена од страна на лицето А.Ќ. со моторен чамец и на брегот од езерото во близина на селото Калишта била преземена од лицето Ф.И. – член на оваа организирана група, кој ја однел дрогата во неговата куќа во Калишта, за да му ја предаде на К.Х., а тој да ја продаде на лицето С.А.

Ф.И. бил кривично пријавен во февруари годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...