Алабанската полиција, заедно со припадниците на единицата за брзи интервенции, привела 88 илегални имигранти од Сирија и од Судан во две одделни акции. Во првата акција, во селото Глин, пронајдени биле 41 имигрант, а втората акција, која била спроведена во близина на селото Мулир, на албанско-грчката граница, биле приведени 47 илегалци.
Според албанската полиција, имигрантите требало да го продолжат патот кон Црна Гора, а потоа и во некоја запоадноевропска земја. Тие на албанска територија влегле од Грција.
Албанската полиција изминатата година има приведено повеќе од 2.000 имигранти, кои најчесто биле од Сирија, Судан и од Пакистан.
Претходен написУбиени двајца полицајци во Бруклин
Поврзани написи
Еврометар: Граѓаните со највисока доверба во Армијата, а само третина веруваат во полицијата
Граѓаните имаат највисока доверба во Армијата, со 44 проценти. Понатаму следат религиските институции со 35% и Претседателот на Северна Македонија, со 24 проценти. Обвинителството и судството се најниско оценети,...
Охридски полицаец остана без работа откако му нашле кокаин на работното место
Прашкаста материја, шише со течност и остатоци од бела прашкаста материја биле пронајдени при контрола на работното место на полицискиот службеник А.М. од Полициската станица Охрид - обезбедување на...
Исчезната Македонка од Голо Брдо што студирала во Скопје
Студентка од Албанија од вчера е пријавена за исчезната. На социјалните мрежи се споделува објава за младата Енкеледа Чела, која од вчера не се вратила на местото каде што...
Нашите вести во вашето сандаче
Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование
Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...