fbpx

Притворена заменик-претседателката на турскиот парламент

-

Турската полиција ја привелa заменик-претседателката на парламентот, Первин Булдан, што е овозможено со новиот закон за одземање на пратеничкиот имунитет, соопшти прокурдската Народна демократска партија (ХДП), чиј член е таа.

Портпаролот на ХДП, Ајан Билген, рече дека Булдан е одведена од својот дом на испитување.

Државната новинска агенција „Анадолија“ пренесе дека е приведена во рамки на истрага за нејзините активности.

Владата на Турција ја обвини ХДП, партијата која е трета по големина во Турција, за поврзаност со курдските бунтовници, но партијата негираше.

Парламентот во мај одобри укинување на пратеничкиот имунитет, а оттогаш 12 пратеници на ХДП се уапсени под обвинение за поврзаност со тероризам.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...