fbpx

Притворен српски државјанин фатен во шверц на 47 мигранти кај Демир Капија

-

Полициска екипа вчераутро во товарно возило, на автопатот Удово – Неготино, кај тунелите кај Демир Капија, открила 47 мигранти од Сирија, Пакистан и од Авганистан, информираше денеска МВР.

Според полицијата, вчера околу 7.30 часот полициските службеници дале знак за запирање на автомобил марка „голф“ со скопски регистарски ознаки и на товарно возило „ивеко“, исто така со скопски таблички, кои не застанале на знакот и продлжиле со движењето.

„Голфот“ по кратко време се исклучил по патот кон Демир Капија, а товарното возило продолжило уште 500 метри, по што застанало, а возачот излегол и се обидел да побегне. Сепак, по кратко време тој бил приведен, а полицијата утврдила дека станува збор за 38-годишен српски државјанин, со иницијали Н.С.

По прегледот на возилото, во него полицијата затекнала 47 мигранти од Сирија, Пакистан и од Авганистан.

Српскиот државјанин и мигрантите биле приведени и задржани во полициската станица во Неготино за понатамошна постапка.

Од МВР информираат дека регионалниот центар за гранични работи Југ против српскиот државјанин поднел кривична пријава за криумчарење мигранти, а судија на претходна постапка на српскиот државјанин му одредил притвор од 30 дена.

Јавното обвинителство неодамна информираше дека во случаите на шверц на мигранти како извршители сè почество се јавуваат српски државјани. Тие, според Обвинителството, го користат екот на туристичката сезона и транзитот на голем број туристи од Србија кон Грција за да ги прикријат своите криминални активности.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...