fbpx

Притворен скопски дилер на дрога

-

Единицата за недозволена трговија со дрога на скопската полиција поднела кривична пријава против 27-годишниот З.С., кој се товари за продажба на синтетички дроги и за неовластено изработување, поседување и тргување со оружје и со распрскувачки материи, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Судија на претходна постапка на осомничениот му одредил мерка притвор од 30 дена.

Како што информираат од МВР, по добиени сознанија дека непознато лице од населбата Ново Лисиче, поседува, подготвува и пакува синтетички дроги за улична продажба, едницата за недозволена трговија спровела истрага и го утврдила идентитетот на осомничениот, а во вторникот (3 ноември), по наредба на судија на претходна постапка, нивни екипи извршиле претрес во неговиот дом.

При претресот, според МВР, биле пронајдени и запленети 86 таблети мешавина од психотропни супстанци амфетамин и MДMA, потоа стотина грама амфетамин во прашкаста форма, од кој дел спакуван за продажба, 31,47 грама канабис сатива (марихуана), спакувана во 17 кесички за улична продажба. Полицијата при претресот, пронашла и „левамизол“, медикамент, кој како што информираат оттаму, „се користи во ветерината за лекување цревни паразити кај крупен добиток, а во недозволеното производство на синтетички дроги служи за зголемување на масата на дрогата“.

Во домот на З.С. биле најдени и седум патрони за ловечка пушка, додаваат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...