fbpx

Притворен поранешниот заштитен сведок Златко Арсовски-„Бреза“

-

Златко Арсовски, поранешен заштитен сведок во случајот „Ореше“, под псевдонимот „Бреза“, е уапсен од полицијата и му е одреден притвор, по барање на Основниот суд во Велес, бидејќи осум месеци не се појавуваше на главната расправа, каде што е обвинет за лажно сведочење, пишува дневниот весник „Вест“.

– Во текот на средата попладне, Основниот суд од Велес бил известен дека Златко Арсовски е лишен од слобода. На тој начин е постапено по решението на велешкиот суд, со кое Арсовски се бара заради присуство на главна расправа, каде што е обвинет тој. Тој бил уапсен во неговиот дом. По апсењето, на кое не се противел, Арсовски се наоѓа во затворот „Скопје“, каде што ја издржува мерката притвор. Веќе е закажана и главната расправа за овој предмет, за 26 ноември – изјавила за „Вест“ судијката Габриела Гајдова, портпарол на Основниот суд – Велес.

Златко Арсовски е обвинет во случајот со лажното сведочење, но се јавува и како сведок на судењата за случајот „Ореше“, и за палењето на амбулантата во Ореше.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...