fbpx

Притвор за возачот и сопственикот на „Дурмо турс“ за несреќата кај Ласкарци

-

Судот прифати три од шесте барања за притвор на Основното јавно обвинителство за автобуската несреќа кај Ласкарци минатиот месец кога животот го загубија 15 патници. Притвор добија возачот кој возел со недозволена брзина, сопственикот на компанијата „Дурмо турс“ и раководителот.

„Постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор за шест лица и мерки за претпазливост за едно лице, кои денеска беа спроведени во судот, судија на претходна постапка по исказите на лицата како и ценењето на фактите и доказите приложени во предлогот, донесе решенија со кои за Д.Б. Р.М. и М.Т го прифати предлогот на обвинителството и им предели мерка притвор во траење од по 30 дена“, соопшти Основниот суд Скопје 1.

За две лица за кои обвинителството бараше притвор, судот определи мерка куќен притвор, додека за уште две лица се одредени мерки на претпазливост.

Несреќата кај Ласкарци се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс“ со 51 патник излета од патот Тетово – Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот. Во несреќата загинаа 15 лица, а 39 беа повредени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈО: Сомнеж за поткуп во Делчево и неправилности во селото Бучим

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во првиот круг од изборите за претседател на Република Северна Македонија, до овој...