fbpx

Притвор од 30 дена за подметнувачот на импровизираната бомба во Собранието

-

Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка за лицето кое оставило експлозивна направа во Собранието на Република Македонија на 27 април и побарало притвор од 30 дена, кој бил одобрен.

Во вечерашното соопштение Обвинителството известува дека постапката е почната поради кривичните дела предизвикување општа опасност и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, кои се наведени од МВР во кривичната пријава која што ја поднело против подметнувачот на импровизираната бомба.

Според полицискиот билтен, пријавениот Ј.Л. (41) околу 19 часот со толпата влегол во Собрание на Република Македонија, а околу 20.40 часот заедно со околу 20 лица се качил на првиот кат од Собранието, по што сам влегол во две канцеларии кои се меѓусебно поврзани. Притоа под работно биро поставил импровизирана експлозивна направа која се состои од петарда и боца со компримиран бутан гас залепени со селотејп трака, како и уште едно парче петарда и си заминал.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...