fbpx

Приоритет во стратегијата за соработка со ЕБОР ќе биде и „зелената економија“

-

Поддршка на конкурентноста, јакнење на регионалното поврзување и поддршка за „зелената економија“ се трите приоритети кон кои ќе биде насочена новата Стратегија за соработка на земјава со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) 2019-2023 година. Ова беше истакнато на денешната средба помеѓу министерот за финансии Драган Тевдовски и делегацијата на Бордот на директори на ЕБОР, предводена од Франс Викерс, директор на Холандската конституенца во која членува и Македонија.

На средбата беше посочено дека во новата Стратегија ќе бидат застапени проекти кои преку развој на транспортната и енергетската инфраструктура ќе обезбедат подобро регионално поврзување. Исто така, ќе бидат предвидени и проекти со кои ќе се поддржи конкурентноста на приватниот сектор, а со тоа дополнително ќе биде поддржан економскиот раст.

Приоритет во четиригодишната стратегија за соработка со ЕБОР ќе биде и „зелената економија“. Тоа подразбира проекти насочени кон зголемување на капацитетите за обновлива енергија, зголемена енергетска ефикасност и ефикасност на ресурсите како и подобрена еколошка инфраструктура на локално и општинско ниво.

Делегација од ЕБОР од 5 до 8 февруари е во Македонија и ваквите посети се редовни и се одвиваат на секои две до четири години во секоја земја на работење. Со ваквите посети се овозможува директорите да бидат запознаени со политичките и економските движења во земјата, како и со тековните и идните проекти во рамки на соработката меѓу земјата и ЕБОР.

ЕБОР досега има одобрено 115 проекти во Македонија, со вкупен износ од 1,85 милијарди евра. Од нив 85 проценти се проекти во јавниот сектор, додека останатите се за поддршка на приватниот сектор. Активното портфолио на банката во моментот изнесува 792 милиони евра, од кои 78 проценти се пласирани во инфраструктурниот сектор, 10 проценти во енергетиката, осум проценти во финансискиот сектор, додека останатиот дел во индустрија, трговија и агробизнис.

Банката учествува во финансирањето на крупни проекти во земјава како ремонт и рехабилитација на железничката пруга долж Коридорите 8 и 10, Програмата за национални патишта, експрсниот пат Штип-Радовиш, изградба на фотоволтаична централа Осломеј, 400 киловатнта интерконекција Македонија – Албанија, набавка на еколошки автобуси на Град Скопје и др.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...