fbpx

Прилепски таксист доби спор против Македонија во Стразбур

-

Таксист од Прилеп, кој не знаел дека превезува албански државјани кои нелегално ја преминале границата, ја доби правдата пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, во врска со конфискувањето на неговото возило од марката „мерцедес“.

Државата треба во рок од три месеци од денот на правосилноста на пресудата да му го врати возилото, кое судот му го конфискувал пред осум години поради повреда на членот 1 од протоколот 1 од Европската конвенција за заштита на човековите права.

Доколку не постои таква реституција, државата треба да му плати 10.000 евра, во рамките на истиот период од три месеци. На таксистот, исто така, треба да му се исплатат 3.000 евра нематеријална штета, како и судски трошоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...