fbpx

Прилепчани бараат подобро здравство, порачаа активистите на „Ние одлучуваме“

-

Караванот на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ денеска одржа перформанс во центарот на Прилеп.

Активистите од црно-жолтиот камион емитуваа аудиопораки на акцијата, а впечатливоста на перформансот беше засилена со пиротехнички средства, банери и со знамиња.

„Повеќе од дваесетина активисти разговараа со граѓаните на Прилеп за клучните теми и проблеми со кои се оптоварени граѓаните на Прилеп и на Македонија. Прилепчани бараат подобро здравство, посочувајќи го Прилеп како еден од градовите со голема смртност на родилки и со недостиг од лекарски кадар и од адекватна опрема во сите здравствени установи. Иселувањето на младите како директен резултат на сиромаштијата и на безработицата што владеат во Прилеп, се клучните проблеми за кои прилепчани бараат промени“, велат од „Ние одлучуваме“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...