fbpx

Пријавувањето на штетите од поплавите ќе се врши до петок

-

Жителите од поплавените региони ќе можат до 6 септември да ги пријават настанатите штети, соопшти денеска Владата.

– Краен рок за пријавување на настанатите штети, односно на недвижниот имот, движниот имот, моторните возила, земјоделските површини и сточниот фонд, од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, за оштетените од населените места Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Економија, Ченто, Брњарци, Страчинци, Виниче, Црешево, Булачани, Раштански пат, Смилковци, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Шипковица, е петок (2 септември 2016 година) заклучно со крајот на работното време во 16.30 часот – се наведува во денешното соопштение од Владата.

Во соопштението се додава дека сите што досега не ги пријавиле штетите, тоа ќе може да го направат во општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Тетово или, пак, во подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Гази Баба и во Тетово, заклучно со 16.30 часот в петок, 2 септември 2016 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...