fbpx

Приходите на руските компании во Македонија пораснале за четири пати од 2006 до 2015 година

-

Приходите на руските компании кои работат во Македонија се зголемиле од 63 милиони евра во 2006 година до преку 212 милиони евра во 2015 година, се тврди во анализата на бугарскиот „Центар за проучување на демократија“ (Centar for the stady of democracy).

Во анализата се наведува дека иако руското економско влијание во Македонија често се перципира како непосточеко, или, во најлош случај, многу ограничено, сепак, деталната проценка открива многу посуптилна слика, во која многу од каналите на ангажирање се индиректни, вклучувајќи трети земји и офшор компании.

„Најголем дел од руските инвестиции во Македонија се канализираат преку трети земји и офшор раеви како Кипар и Белизе, прикривајќи го вистинскиот распон на нивното економско влијание. Русија, исто така, воспостави енергетската зависност на Македонија со контрола на единствениот гасовод до земјава – преку Трансбалканскиот гасовод. „Гаспром“ на Македонија и наплаќа една од највисоките цени на гас во Европа и ја држи земјата заглавена во скапо проширување на мрежата на природен гас“, стои во извештајот.

Како клучна во зајакнувањето на врските меѓу Русија и Македонија се наведува владата на поранешниот премиер Никола Груевски.

„Руските странски директни инвестиции во Македонија се зголемија од 2014 година следејќи го воспоставувањето на поблиски врски со владата на поранешниот премир Никола Груевски“, се наведува во анализата.

Сепак, проценката на руските директни инвестиции изнесува само 31 милион евра во 2015 година, но, како што тврдат авторите на анализата, вистинската слика за руското економско влијание ја прават руските индиректни инвестиици кои ги надминуваат директните.

Според извештајот, „најранлив“ во случајот е енергетскиот сектор, пред се трговијата со нафта и гас, каде Русите веќе се имаат позиционирано, а изминатите неколку години имаа обиди, преку директни и индиректни инвестиции, да го зацврстат, па дури и да го монополизираат овој сектор.

Таков беше случајот со обидот за преземање на „Макпетрол“ од страна на „Балкан петролеум холдинг лимитед“, британско-кипарска компанија, чие сопствеништво, според некои извештаи, се врзува со руски бизнисмени со сметки на Британските девствени острови.

Во извештајот, е наведен и обидот на „Роснефт“, руската нафтена компанија чиј мнозински сопственик е руската влада, за преземање на грчкиот нафтен гигант „Хеленик петролеум“, инаку газда на „Окта“, во 2016 година.

Од оваа слика, според анализата, не треба да се изземе ниту нафтоводот „Турски тек“, кој Москва и понатаму го има на својата агенда.

Заклучокот во анализата е дека и покрај тоа што економското влијание на Русија во Македонија е многу помало од она во другите земји од Западен Балкан, постои значаен потенцијал за негово зголемување, ако се земат предвид руските планови во енергетскиот сектор за следната декада.

Авторите, исто така, нотираат и дека во последните две години, Русија вешто ја користи политичката нестабилност во Македонија обидувајќи се да ги поткопа врските на земјава со НАТО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...