fbpx

Прибе за медиумите: Пазарот слаб, весниците во лоша состојба, новинарите во уште полоша

-

„Препораките за медиумите дадени во 2015 година се применети само во ограничен обем, а медиумите сè уште се соочуваат со голем дел од истите предизвици што влијаеја на медиумската сфера години наназад. Сè уште преовладува впечатокот дека медиумите се врзани со политиката или се инструменти на влијателни фигури“, се вели во делот за медиумите во вториот извештај на Прибе.

Потсетувајќи на статусот „неслободна“ земја во извештајот на „Фридом хаус“ за слободата на медиумите во 2017 година, извештајот на Прибе нагласува дека 130 телевизии и радија претежно се поделени според политички и етнички предзнаци, а медиумскиот пазар е слаб. Состојбата со весниците е лоша, со само пет дневни весници, што, се вели во извештајот, е потенцијална закана за слободните и плуралистичките медиуми, а економскиот притисок врз печатените медиуми се гледа низ пропаѓањето на „Медиа принт Македонија“.

„Особено лоша е состојбата на новинарите, а впечатокот е дека истражувачкото новинарство не се практикува како што би требало, и тоа поради страв, недостиг од ресурси и од новинарски вештини“, стои во извештајот на Прибе. Се нагласува дека истражувачкото новинарство не е приоритет, а се соочува со пречки од властите, што го намалува пристапот на јавноста до релевантни плуралистички и објективни информации.

„Тешко е да се дојде до информациите и до носителите на одлуките. Новинарите честопати не работат според етичките стандарди, што го нарушува кредибилитетот на професијата. Тоа дополнително се потврдува од обвинувањата за коруптивно однесување на некои новинари, како резултат на самоцензура или недостиг од нужните професионални вештини“, се вели во извештајот.

Како лоши се оценети работните услови на новинарите, со ниски плати и со краткорочни договори за работа, без безбедни работни места. Во однос на нападите врз новинари, се нагласува дека властите не ги бараат и не ги обвинуваат сторителите, оставајќи впечаток на неказнивост.

Според Прибе, дискусиите за медиумскиот сектор најчесто се оставени на новинарите и на граѓанскиот организации, а приватните медиуми и нивните сопственици не учествуваат во нив.

Акцент во извештајот се става на МРТ и се нагласува дека националниот радиодифузер е во криза и дека потребна е итна акција поради недостигот од средства, со што се загрозува независноста на куќата. Прибе посочува и дека јавноста нема доверба во МРТ поради нетранспарентност, неотчетност и слаб јавен ангажман, а препорачува обезбедување на неопходните средства за да може таа да функционира независно и  донесување законски измени или одлуки за да се надминат тие состојби.

 

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ – Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка од „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...