fbpx

Прибе в петок на Охридската школа на природното право

-

Рајнхард Прибе, раководителот на комисијата што во име на ЕУ во 2015 година го подготви списокот на неопходните реформи кои земјава треба да ги преземе за да го надмине застојот на патот кон зачленување во ЕУ, в петок во Охрид ќе одржи предавање на Охридската школа на природното право „Демократија и владеење на правото“.

Неговото пристигање во земјава вчера вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, го најави за следниот вторник, но Прибе ќе пристигне порано за да учествува на конференцијата во Охрид во организација на МАНУ. Засега не е познато дали тој ќе има некои средби со политичари и со функционери.

Предавањето што ќе го одржи експертот на ЕУ е насловено „Демократија, владеење на правото и човекови права – релевантноста на вредностите на Европската Унија за земјите кандидатки“.

На школата која трае цела седмица, предавања ќе одржат професори од правните факултети од земјава, а ќе учествуваат и министерот за правда, Биљен Салији, и специјалните обвинителки Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...