fbpx

Прибе: Неопходна е мобилизација на институциите за спроведување на реформите

-

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, денеска имаа работен појадок со експертот од ЕУ за реформските приоритети, Рајнхард Прибе.

Димитров изразил благодарност за ангажманот на експертскиот тим предводен од Прибе, кој со прецизното детектирање на недостатоците во неколку клучни области придонесе во процесите за надминување на политичката криза.

– Отсуството на независни институции имаше последици по демократските процеси во Р. Македонија. Приоритет на новата реформска влада ќе биде нивна професионализација за доследно спроведување на законите – заклучи министерот Димитров.

Вицепремиерот Османи посочи дека е потребна директна и отворена комуникација во однос на сите прашања што треба да се решат.

– Свесни сме дека периодот на политичка криза, кој е веќе зад нас, влијаеше на темпото на реформите и на спроведувањето на препораките од извештајот на групата експерти од 2015 година. Во овој процес на исполнување на преземените обврски, од исклучителна важност за нас е Вашето вклучување во овој процес, преку Вашите совети, надзор и забелешки, имајќи предвид дека Вашето име во моментов претставува и синоним за реформи во земјава – рече Османи.

Димитров и Османи ја истакнале цврстата заложба на Владата да ги спроведе реформските приоритети за Европската комисија да ја отстрани условеноста на препораката за почеток на пристапните преговори. Македонските министри, исто така, го информирале Прибе за активностите на Владата за подобрување на односите со соседите.

Прибе на средбата ја нагласил неопходноста од засилен ангажман и мобилизација на релевантните институции во земјата за спроведување на препораките од извештајот и на реформските приоритети. Тој ја повторил подготвеноста на експертскиот тим да ѝ помогне на Македонија за надминување на посочените недостатоци во неколку важни области, кои се однесуваат на владеењето на правото, слободата на медиумите и на независноста на регулаторните тела.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...