fbpx

При претрес во куќа во Рашче, пронајдени оружје, муниција и дрога

-

Полициски екипи, по обезбедена судска наредба, а врз основа на информации за сторени повеќе кривични дела, денеска извршиле претрес во домот на Б.К. (46) во скопското село Рашче, каде пронашле неколку парчиња оружје, муниција, пакувања со дрога и други предмети, соопшти МВР.

Како што информираат оттаму, во домот на осомничениот биле пронајдени и одземени една автоматска пушка од непозната марка, две мали празни рамки за „скорпион“, една голема рамка со 14 куршуми за пиштол „скорпион“, една голема рамка за пиштол „скорпион“ со 11 куршуми, калибар 7,65 милиметри, еден пиштол марка „том фалион“, калибар 9 милиметри со рамка со 11 куршуми, еден револвер марка „амадео росиса“, 32 куршуми калибар 9×99 милиметри, 19 куршуми калибар 38-специјал, два сигнални пиштоли, една воздушна пушка. При претресот биле пронајдени и 17 најлонски пакувања со правлива материја, најверојанто кокаин, две најлонски пакувања со непозната правлива материја, дигитална вага, три скутери и еден мотоцикл за кој полицијата се сомнева дека е предмет на кривично дело, факсификување исправа.

ОД МВР информираат дека осомничениот Б.К. бил регистриран во криминалистичката евиденција на СВР Скопје, за сторени кривични дела грабнување, фалсификување исправа, тешка кражба, недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи, за кои му биле изрекувани и затворски казни.

Од полицијата додаваат дека по целосното расчистување на случајот, против Б.К. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...