fbpx

Превозниците од Заев ќе бараат осигурување, лиценци и регулирано работно време

-

Превозниците веќе доставиле барања за средба со претставници на новата влада, односно со премиерот, министерот за транспорт и врски и министерот за финансии, вели за „Мета“, Билјана Муратовска од Здружението на превозници „Макам-транс“.

Таа вели дека од нив ќе побараат што е можно побрзо да се завршат измените во Законот за работно време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патиниот сообраќај, а се поврзани со повелбата за квалитет.

„Секоја држава од 1 јануари 2018 година треба да ја спроведе повелбата за квалитет која подразбира исполнување на одредени критериуми за добивање на транспортните ЦЕМ дозволите кои се важни за вршење на превоз. Дел од овие критериуми се однесуваат на работното време на возачите, обновување на лиценците, задолжително осигурување, завршување на некои проекти. Дел од овие работи до сега требаше да бидат завршени“, изјави Муратовска.

На разговорите со претставниците на надлежните министерства, според Муратовска, ќе стане збор и за проширување на граничните премини Табановце и Ќафасан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...