fbpx

Превознички маки и сопки за митингот на опозицијата в недела

-

Повеќе од 2.000 битолчани, членови и симпатизери на опозицијата, најавиле дека ќе присуствуваат на протестниот марш што СДСМ и колицијата го организираат в недела во Скопје, потврдуваат од општинската организација на СДСМ во Битола.

Според Васко Ковачевски, пратеник и претседател на СДСМ во Битола, во градот постои големо расположение за да се присуствува на митингот во Скопје.

– Ги преземаме сите мерки да се организираме за мирниот протест во Скопје. Доколку излезат какви било проблеми со превозот, веќе се размислува и за тој предизвик и за ризиците, но на граѓаните им ветуваме дека сите што се заинтересирани да дојдат во Скопје, ќе бидат таму и тоа навреме – вели Ковачевски.

Опозицијата веќе размислува да организира превоз со автобуси, комбиња и со автомобили за да ги однесе своите поддржувачи во Скопје. Според пресметките, потребни им се од 400 до 450 автомобили, за што неофицијално велат дека не е проблем да ги најдат, но проблем би било пристигнувањето навреме.

Неофицијално дознаваме дека во повеќе општини вршат притисок на автобуските превозници да не се ангражираат за митингот на опозицијата во Скопје.

Во дел од градовите овие денови се дефинираат возните редови за меѓуградските и за градските автобуски линии.

На автобуските превозници доделени им се лиценците, но не и возните редови, а сопствениците на автобусите добиваат предупредување да не возат зашто може да останат „со куси ракави“.

Најголем дел од автобуските превозници имаат и туристички агенции, па велат дека не би знаеле колку со прифаќањето на работата, би го ставиле бизнисот во ризик.

Опозицијата веќе размислува како и со колку комбиња и автомобили би можела да организра за да ги однесе луѓето во Скопје.

Во еден од прислушуваните разговори што ги објавува лидерот на СДСМ, Зоран Заев, може да се слушне како пораншената министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески разговараат за праќање автобуси на техничи прегледи за време на митинзи.

Јанакиески: Гоцо?
Јанкулоска: Ало?
Јанакиески: Абе, ми се јави сега овој Горан со автобусите, неколку автобуси од Тетово на технички ги пратиле…
Јанкулоска: Епа може ги пратиле Миле, сега…И ДУИ е у кампања..Ајде ќе се јавам…
Јанакиески: Или дај…види шо е?
Јанкулоска: Абе, знам шо е…Сега..Истото ние шо го праиме, го праат ДУИ…Тоа е..
Јанакиески: А шо, ги носиме на технички?
Јанкулоска: Па ние секогаш, кога има митинг било кој на технички преглед им ги праќаме автобусите, да има помалку луѓе.
Јанакиески: А и ДУИ?
Јанкулоска: Па сите…ДУИ не носат толку многу луѓе…ама на СДС салата ги праиме…

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...