fbpx

Превезувал мигранти со „порше кајен“

-

Полициска екипа од Регионалниот центар за гранични работи – Југ, вчера, при контрола на возило марка „порше кајен“, открила седум сириски држвјани кои илегално престојувале во земјата, инофрмираат од МВР.

Како што информираат оттаму, џипот го управувал Џ.Б. (32) од скопското село Студеничани, кој е предаден на полициската станица во Неготино за натамошна постапка, а сириските државјани, кои се на возраст од 18 до 43 години, ќе бидат сместени во Прифатниот центар во Скопје.

Од МВР информираат и дека од истиот регионален центар за гранични работи била поднесена кривична пријава против Н.Д. (37) од велешкото село Кочилари, кој бил затекнат како во возило „мерцедес вито“ превезува четворица сиријски државјани, илегални мигранти.

Како што пренесуваат медиумите, станува збор за оџата во „Црна џамија“ во Велес.

Осомничениот бил запрен од полициската екипа завчера на патниот правец Гевгелија – Скопје, кај тунелите кај Демир Капија.

Против него е поднесена кривична пријава за илегално превезување мигранти, а судија на предходна постапка му одредил осумдневен притвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...