fbpx

Претставничкиот дом на САД е против затворањето на Гвантанамо

-

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, во кој мнозинство имаат републиканците, сака да „протурка“ воен буџет од 611 милијарди долари, што е за 3,2 милијарди долари поголем од предлогот на претседателот во заминување, Барак Обама.

Со овој закон за воен буџет се предвидува забрана за затворање на затворот Гвантанамо на Куба, на Пентагон му се забранува да го намали бројот на воените бази и се предвидува зголемување на платите на американските воени трупи во следните шест години.

Законодавците денеска би требало да се изјаснат за законот, кој би дал зелено светло за зголемување на потрошувачката во одбраната на земјата за фискалната година која почна на 1 октомври.

За време на мандатот, претседателот Барак Обама повеќепати ветуваше затворање на затворот Гвантанамо, кој го нарече средство за регрутирање екстремистички групи.

Сепак, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп не само што вети дека нема да го затвори Гвантанамо, туку рече дека сака да го „пополни со лоши момци“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...