!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Претстава за предавството во штипскиот театар


       
Штип, 20 април, 2016 - 20:21 (META) 

Психолошкиот аспект на предавството и вечниот сомнеж на Македонецот за предавникот во себе, е основата на која е правена претставата „Суд“ по текст на Коле Чашуле, што премиерно ќе биде изведена в петок, во Народниот театар во Штип. Новата претстава ја потпиша младиот режисер од Штип, Дамјан Читкушев.

– Станува збор за многу комплексно дело. Една од темите која Чашуле ја наметнува во драмата е предавството и ние ја третираме таа тема од денешен агол и перспектива – вели Читкушев.

Во претставата играат: Пеце Ристевски, Миле Вратеовски, Ефтим Трајчов, Милорад Ангелов, Александар Иваноски, Ангелка Нашкова и Виктор Арев.

Сценографијата е на Стефан Споровски, а костимограф е Мелани Димитровска.

Адаптацијата на текстот е на Габриела Тулиева и Весна Куслеска.

Премиерата на преставата „Суд“ е во петок, 22 април.